Баерн Минхен го реши дербито со Барселона (0:3) уште во првото полувреме, нанесувајќи му уште еден удар на шпанскиот тим, кој уште пред почетокот знаеше дека остана без можност да се бори за осминафиналето во Лигата на шампионите.
Мане и Чупо-Мотинг постигнаа по еден гол за солидна предност на гостите, пеналот досуден на Левандовски беше поништен со ВАР, а на крајот Павар ги постави конечните 0:3 во самиот финиш.
Елиф Елмас беше стартер и одигра до 73. минута во дресот на Наполи, а италијанскиот состав рутински го совлада Глазгов Ренџерс (3:0).
Симеоне постигна два гола, а Остигард стави точка на средбата, а Наполи ја продолжи фантастичната серија.
Тотенхем прославуваше гол за победа против Спортигн во 95. минута, но голот отпосле беше поништен по ВАР проверката, па средбата во Лондон заврши со резултат 1:1.