На 26.10.2022 во 18.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар, мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од малолетник од с.Сенокос, удрил во паркирано патничко моторно возило „цитроен ксара“ со гостиварски регистарски ознаки, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.