(ВИДЕО) Гаф на хрватскиот министер за здравство на прес-конференција – „Здрав човек има 100 жени“

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на вчерашната прес-конференција имаше лапсус кој стана вирален на социјалните мрежи.

Зборувајќи за здравствените реформи, Берош сакаше да каже народна мудрост, но направи гаф.

-Здрав човек има сто жени, рече Берош кој со изјавата предизвика смеа во салата.

Кога сфати што изговори, и самиот се насмеа и призна дека ваквиот лапсус му се случува по вторпат дента.

-Ќе се поправам и ќе кажам дека болниот човек има само една желба. Тоа секако е да оздрави, заклучи министерот.