Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги предупреди сонародниците и граѓаните на Германија во текот на обраќањето до нацијата во петокот на тежок период кој претстои, тврдејќи дека земјата се соочува со најтешките времиња од нејзиното обединување.
„Пред нас се тешки, тешки години“, предупреди претседателот Штајнмаер во својот говор за состојбата на нацијата. Рече дека земјата се наоѓа во „најтешката криза од обединувањето“.
„Досега уживавме ветер в грб. Сега нѐ очекува ветер в градите“, рече Штајнмаер.
Германскиот претседател рече дека почетокот на „руската агресија на Украина ја означува новата ера“ во меѓународните односи.
„Тажната вистина гласи: светот е на патот кон фазата на судир“, рече Штајнмаер и во тој контекст ги спомена и „амбициите на Кина, коишто заедно со руската агресија на Украина ќе го обликуваат меѓународните односи“.
Германскиот на рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето до своите граѓани му префрли за наводна „империјалистичка опседнатост“ рече дека Германија „мора да се прости од досегашниот однос кон Русија“.
Штајнмаер, инаку во минатото честопати беше критикуван дека ја поддржувал ткн „источна насока“ во Германија, односно градењето на огромниот германски економски раст благодарејќи на евтините енергенси од Русија и за наводно придржување на политичката платформа на спој на германската технологија и руските природни ресурси.
„Ние игравме според правилата на играта, но Путин ја преврти шаховската табла. Германија мора да се прости од стариот начин на размислување и надежи. Путин се обидува да ја разедини Европа и тој отров сака да го внес и во Германија“, тврдеше Штајнамер.
Алудираше на сѐ почестите и сѐ помасовни протести против санкциите против Русија поврзани со западните санкции, како и германското воено учество во војната во Украина, што придонесе за голем скок по повеќе децении на потрошувачките цени.
Штајнмаер рече и дека сите граѓани на Германија „мора да бидат подготвен на одрекување, а и дека тоа многумина уште сега го чувствуваат на својата кожа“.
Истакна дека „во ушите на многумина, кои веќе и сега тешко составуваат крај со крај, звучат како подбивање апелите на одрекување“, па затоа и ја повика државата да се најде и да им помогне на оние на коишто тоа им е потребно.
Но истовремено Штајнмаер укажа и на „отпорноста“ на Германците и изрази увереност дека Германија ќе ја надмине и оваа криза.
„Ние мораме да се концентрираме на она што го наложува моменталната ситуација. И тогаш не мораме беспомошно и со страв да гледам кон времињата коишто се пред нас“, изјави Штајнмаер во претседателското обраќање за состојбата на нацијата.