Британскиот премиер Сунак под притисок да го разјасни именувањето на Браверман

Британската опозициска Лабуристичка партија ќе се обиде да ја присили владата да ја објави процената за безбедносната повреда на Сју-Елен Касијана „Сеула“ Браверман, додека се нижат негативните реакции поради нејзиното повторно именување за министерка за внатрешни работи шест дена откако ја поднесе оставката на истата должност.

Премиерот Риши Сунак досега го одбегнуваше барањата да биде отворена истрага за тоа дека Бравермен ги прекршила владините правила за користењето на приватната електронска пошта споделувајќи без дозвола чувствителен документ со пратеник на владејачката Конзервативна партија.

Лабуристите и Либералните демократи изразија загриженост во врска со „националната безбедност“ и ги повикаа кабинетот на премиерот Сунак да започне истрага.

Лабуристичката партија ќе инсистира да биде објавена процената на ризикот на овој и другите наводни министерски пропусти, како и информациите коишто му се дадени на Сунак пред да ја врати во министерството за внатрешни работи. Браверман досега одбиваше да застане пред пратениците во парламентот за да објасни што се случило.,

„Риши Сунак и Суела Браверман не можат да продолжат да бегаат од овие прашања. Премногу сериозно е и сериозно ја доведува во прашање процената на премиерот. Луѓето треба да знаат дека на министерката за внатрешни работи може да ѝ доверат чувствителни информации и нашата национална безбедност. Одлуката на Риши Сунак повторно да ја именува Суела Браверман е длабоко неодговорна“, изјави Ивет Купер, министерка за внатрешни работи во лабуристичката влада во сенка.

„Лабуристичката партија ќе го искористи секој достапен парламентарен механизам за да ја принуди владата да го разјасни нејзиното именување, да добие одговори и да побара подеталните документи да и бидат испратени на разузнавачката и безбедносната комисија“ на парламентот, додаде Купер.

Сунак претходно седмицава повторни ја именуваше Браверман на истата позиција на којашто беше кога Лиз Трас, во кусиот премиерски мандат, ја принуди да поднесе оставка.

Челникот на Лабуристичката партија, Креји Стармер, побара разрешување на министерката за внатрешни работи Браверман, обвинувајќи го премиерот Сунак дека истргувал „валкан договор со трампа на безбедноста за поддршка“ во трката за лидер на владејачката Конзервативна партија и следствено за премиер, во којашто победи откако ја доби нејзината поддршка.

Меѓутоа, Сунак е истраен во тврдењето дека Браверман „научила од своите грешки“ и дека не жали поради нејзиното именување, и покрај некои конзервативни пратеници коишто им се придружија на негативните реакции. Така, конзервативката Каролин Нокес ги поддржа барањата на опозицијата за започнување истрага, а поранешниот претседател на Конзервативната партија, Џејк Бери, повредата на безбедносните правила ја оцени како „стварно сериозна“.