Во НБА Лигата по ноќта кон понеделникот повеќе нема тим кој не успеа да оствари победа, откако Лос Анџелес Лејкерс како домаќини ги совладаа Денвер Нагетс со 121:110, а до петата последователна победа остварена против Њујорк Никс ос 121:108, дојдоа Кливленд Кавалирс.
Леброн Џејмс постигна 26 поени, Ентони Дејвис додаде 13 со 15 скокови за прекинување на низата од пет порази кои ги претрпеа Лејкерс сега со сооднос 1-5 на стартот од новата сезона. Лејкерс добија и голема помош од играчите од клупата кои со 18 коша и по 8 асистенции и скокови ги предводеше Расел Вестбрук.
Ова е воедно и првата победа за тренерот Дарвин Хејм кој оваа сезона ја води трофејната екипа од Лос Анџелес.
Во третиот годинешен пораз Денвер Нагетс (4-3) ги предводеа Никола Јокиќ со 23 коша и 14 скокови и Џамал Мареј со 21 поен.
За разлика од Лејкерс кои првпат се израдуваа сезонава, Кливленд Кавалирс победуваат во низа. Пред своите навивачи ги совладаа Њујорк Никс со 121:108, а Донован Мичел уште еднаш докажа дека во новата средина се чувствува одлично, откако со 38 коша и 12 асистенции беше играч на натпреварот.
Ова е петти пат Мичел во дресот на Кавалирс да постигнува 30 или повеќе поени. Голема помош имаше од ветеранот Кевин Лоув кој постигна 29 коша со израмнет личен рекорд од 8 погодени „тројки“.
Во вториот последователен пораз кај Њујорк Никс најдобри стрелци беа Џејлен Брансон и Еван Фурние со по 16 поени.
Од Кливленд (5-1) подобро ја отворија сезоната само Милвоки Бакс (5-0), кои во моментов се единствената непоразена екипа во НБА лига.
Третата најдолга низа во лигата моментално ја имаат Феникс Санс, иако играа без својот повреден прв центар Деандре Ејтон, кои пред своите навивачи ги совладаа Хјустон Рокитс со 124:109..
Девин Букер својот 26-ти роденден го прослави со 30 коша како најдобар стрелец на мечот, иако промаши шест од седумте обиди за „тројка“. Крис Пол го заврши дуелот со 10 поени и 15 асистенции, додека Камерон Џонсон додаде 19 поени. Кевин Портер Џуниор ги предводеше Рокитс со 26 поени со 8 скокови и 6 асистенции.
Детроит Пистонс ја прекинаа низата од пет порази и ја остварија втората победа сезонава откако на својот паркет со 128:114 ги победија актуелните шампиони Голден Стејт Вориорс.
Домашните имаа четворица играчи кои постигнаа над 20 поени: Садик Беј постигна 28 коша, Ајзеа Стјуарт го оствари својот прв личен рекорд со 24 поени и 13 скокови, Кејд Канингем остана за една асистенција покус за „трипл-дабл“ со 23 коша, 10 скокови и 9 асистенции, а Бојан Богдановиќ додаде 21 коше со по 3 скокови и додавања.
Кај Голден Стејт Вориорс најдобри беа Стефен Кари со 32 коша и Џордан Пул со 30 поени. Вориорс во Детроит допатуваа по помалку од 24 часа по поразот во продолжението на гостувањето кај Шарлот Хорнетс, а поради тоа на клупата остана Клеј Томпсон.
Детроит, со сооднос 2-5, така ја прекина низата од пет порази и сега е на 13-то место во Источната конференција, а Голден Стејт (3-4) со вториот пораз со ред паднаа на 11-то место во Западната конференција.
Зад нив се Лос Анџелес Клиперс (2-4) кои го доживеаја четвртиот последователен пораз, и тоа како домаќини со 91:112 од Њу Орлеанс Пеликанс.
Пеликанс до победата ги предводеа СиЏеј Мекколам со 22 коша и Цион Вилијамсон со 21 поен, 12 скокови и 7 асистенции. Гостите имаа шест играчи со двоцифрено остварување. Наџи Маршал додаде 17 копа, а по 15 постигнаа Треј Марфи Трети и Лари Нанс Џуниор. Кај Клиперс предничеше Норман Пауел со 18 поени, а Пол Џорџ додаде 14 поени.
Остварување на вечерта имаше Лука Дончич во домашната победа на Далас Маверикс над Орландо Меџикс со 114:105. Дончич веќе до полувремето постигна 30 коша, а мечот го затвори со 44 поени со 5 асистенции и 3 скокови. Тим Хардавеј џуниор беше втор стрелец кај победниците со 21 кош.
Шесте играчи на Орландо со двоцифрено остварување ги предводеше новајлијата Паоло Банкеро кој првпат сезонава остана под 20 поени, постигна 18 коша со 4 асистенции и 3 скокови. Бол Бол врза 16 коша, 11 скокови и 3 блокади.
Сан Антони Спарс, со сооднос 5-2, победија по четврти пат во последните пет дуели, а пред своите навивачи беа подобри од Минесота Тимберволфс (4-3) со 107:98. Ова беше третото соочување на овие два тима во само една седмица, а за Спарс беше втората победа на Тимберволфс а до која ги водеа Келдон Џонсон со 25 коша и Дог Мекдермот со 23 поени. Кеита Бејтс0Диоп додаде 18 поени.
Карл-Ентони Таунс за Тимберволфс постигна 26 коша со 11 скокови, а Ентони Едвардс сите 18 поени ги оствари во второто полувреме, кога гостите успеаја да поништат 15 коша заостанување со коишто влегоа во последната четвртина.
Бостон Селтикс, со сооднос 4-2, ја прекинаа низата од два порази совладувајќи ги во својата арена Вашингтон Визардс (3-3) со 112:94. Џејлен Браун постигна 24 поени со 10 скокови, а Џејсон Тејтам и Маклолм Брогдон додадоа по 23 коша за победниците.
Кристап Порцингис со 17 поени и 13 скокови беше најдобар кај Визардс, кои го доживеа вториот последователен пораз. Руи Хачимура со 13 скокови имаше и 9 скокови, а Бредли Бил врз 12 поени со 8 скокови.