Ердоган: Ќе се обидеме да го обновиме договорот за житото

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган кажа дека неговата држава ќе продолжи да се ангажира за обновување на договорот за извоз на жито од Украина преку црноморските пристаништа.

„Турција вложува напори за житото од Украина да стигне во земјите во кои заканата од глад е јасна“, кажа турскиот претседател.

Ердоган кажа дека 9,3 милиони тони земјоделски производи се извезени од Украина од 1 август.