
АД ЕСМ на вчера произведе 11.149 MWh електрична енергија, информираат денеска од Владата.
Во Термоелектраните биле произведени 7.652 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.497 MWh.
Од Владата велат дека АД ЕСМ вчера целосно ги задоволило потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.