Блинкен ќе учествува на Самитот на Г7 во Германија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оваа недела ќе отпатува за Германија на Самитот на Г7.

Теми на состанокот на претставниците на земјите од Г7 ќе бидат првенствено руската инвазија на Украина, климатските промени и енергијата.

На американско-германскиот форум за иднината ќе учествува и Блинкен, кој ќе престојува во Германија на 3 и 4 ноември.