Дронови ја шпиунираат војската на Србија, „мигови 29“ во акција на уништување на беспилотните летала

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ денеска издаде официјална наредба веднаш да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија, пишува Блиц.рс.

Како што се дознава, претседателот се решил на ваков чекор по инцидентот што се случи во областа над Мердар и во околината на Рашка, кога непознати дронови ги набљудуваа касарните и позициите на војската на Србија.
За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „мигови 29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони. Не долго потоа, забележаните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, а доколку не го стореле тоа, ќе биле уништени бидејќи врховниот командант издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје.

Инаку, моменталната состојба на северот на Косово е многу тензична поради најавите за промена на српските регистарски таблички и доставувањето предупредувања до Србите од страна на косовските власти бидејќи немаат таблички РКС. Специјалните единици кај Лепосавиќ моментални ги запираат сите „КМ“ возила.