![dozd cador esen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/dozd-cador-esen.jpg?resize=640%2C396&ssl=1)
Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, викендов ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни и до над 35 литри на квадратен метар.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, врнежливо ќе биде особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.
-Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 километри на час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени, соопшти УХМР.