
Сепаратистичките проруски власти во источна Украина денеска објавија ослободување на 107 војници во новата размена на заробеници со Киев.
-Денеска враќаме 107 наши борци од украинските затвори, изјави Денис Пушилин, еден од водачите на проруските сепаратисти.
Тој додаде дека „65 од нив се од народните републики Доњецк и Луганск“.
Со размената, Киев ќе врати на своја страна ист број заробеници.