
Македонското дерби во регионалната СЕХА ГСС лига меѓу Вардар и Металург ќе биде посиромашна за настапот на Ренато Вугринец, еден од главните играчи на тимот од „Автокоманда, пишува Македонски спорт, пренесува Телеграф.
Вугринец има проблем со зглобот, а тренерот Червар одлучи да го поштеди.
„Не, Вугринец нема да игра на овој натпревар“, одговори Червар кратко на прашањето дали македонскиот репрезентативец.
Имаше најави дека и Филип Миркуловски е неизвесен, но ќе биде подготвен за настап. Централниот бек на тимот на вечерниот тренинг во средата заработи исеченица блиску до окото и беше под „надзор“. Но, не е тоа ништо сериозно и неговото име е избришано од проблематичната страна на здравствениот билтен.
„Не е ништо сериозно, заработив исеченица, но не е опасно“, вели Миркуловски.