Улици, училишта и градинка во општина Карпош утре без вода

Поради дефект на приклучна цевка на ул.Дамаска 11б во населба Тафталиџе, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Дамаска и Прашка, гимназијата, градинката и О.У.Нова.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот