Американскиот републикански сенатор Роб Портман и неговиот демократски колега Крис Кунс во четвртокот во Киев порачаа дека двопартиската поддршка од САД за Украина ќе продолжи и по изборите за Конгресот на средината од мандата кои се одржуваат на 8-ми ноември.
Сенаторите изјавија дека имале „многу позитивни“ разговори со украинскиот претседател Володомир Зеленски, како и дека ги посетиле енергетска постројка за кои Кунс рече дека во рускиот напад наводно била погодена со ирански дрон.
„Сега можеме да видиме дека целта на Путин е да ја застраши Украина со мрачна и студена зима“, изјави републиканецот Портман во киевската црква која служи како хуманитарен центар на Светската програма за храна.
Посетата на сенаторите доаѓа во моментов кога во Украина и Европа се наметнува стравувањето дали републиканците, кои се фаворити да ги освојат двата дома на Конгресот следниот вторник, ќе продолжат со големата помош и поддршка за Киев која ја дава демократскиот претседател Џо Бајден.