Многу француски пратеници побараа во петокот строги санкции за крајни десничарскиот пратеник кој извикал „Вратете се во Африка“ кон црн пратеник од крајната левица кој поставил прашање за имиграцијата.
Коментарот на Грегоар де Фурнас, пратеника на Национален собир на Марин Лепен, на прашањето на левичарскиот пратеник Карлос Мартенс Волонго во четвртокот предизвика жестоки критики и прекин на работата на долниот дом на францускиот парламент.
Центристичката влада, левицата и мејнстрим десницата оценија дека станува збор за „неприфатлива расистичка навреда“. Крајната десница, пак, тврди дека Де Фурнас не ги нападна зборовите на Мартенс Билонго, туку на мигрантите кои во овој момент се блокирани на брод на невладина организација во Средоземното Море и дека во тоа нема ништо лошо.
„Очигледно зборуваше за мигрантите кои невладините организации ги превезуваат со бротчиња. Контроврзата што ја предизвикаа нашите политички противници … нема да ги измами Французите“, коментираше на Twitter Лепен во четвртокот.
Последните неколку години Лепен успеа да го ублажи во одредена мера имиџот на партијата како антисемитска и противмигрантска и да ги убеди гласачите дека се движи кон конзервативниот мејнстрим.
Во центристичката влада на претседателот Емануел Макрон, кој го освои вториот мандат во трката со Марин Лепен благодарејќи на традиционалното коалицирање на сите против крајната десница, оценија дека коментарот на Фурнас и реакцијата на неговата партија покажуваат дека „вистинското лице“ на партијата не се променило.
„Госпоѓа Лепен сѐ уште не му кажала на овој пратеник да си замине, па и таа е соучесничка во тоа“, изјави министер за внатрешни работи Жералд Дерманен.
Кабинетот на Националното собрание, управното тело на парламентот, подоцна во петокот ќе одлучи дали Форнас ќе биде санкционира. Можните санкции., кои мора да ги потврди целиот парламент, вклучуваат одземање на половина од платата на неколку седмици, а пратеникот би можел да биде исклучен од работата на парламентот на две седмици.
„Очекувам најстрога казна. Ова е расистички истап“, рече Мартенс Билонго за радиото RMC.
„Никогаш не сум видел такво насилство и таков шок меѓу нашите колеги во парламентот. Видов пратеници во солзи. Тоа е вистинското лице на Националниот фронт (поранешното име за Национален собир). Конечно паѓаат маските. Санкциите мора да бидат многу строги“, изјави за радиото Europe 1, Франк Риесте, министер за односи со парламентот.
Де Форнас изјави во петокот за телевизијата BFMTV дека неговите зборови не му биле упатени на Мартенс Билонго.
„Не зборував за пратеникот, туку за бродот. Не доаѓа предвид да се повлечам или да поднесам оставка“, реле Форнас.