![FguYlgqXgAAYszy](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/FguYlgqXgAAYszy.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Италијанските активист за заштита на околината во петокот со супа од грашок ја залеаја познатата слика „Сејач“ на холандскиот мајстор Винсент ван Гог, привремено изложена во рима, а потоа по веќе повеќепати виденото сценарио рацете си ги залепија за ѕидот на галеријата.
Инцидентот го предизвикале четири жени од групата Ultima Generazione (Последното поколение) кои истовремено извикувале пароли против наводното глобално затоплување и користењето фосилни горива.
„Овие прашања би требало постојано да бидат во ударните термини на информативните телевизиски канали и на насловните страници на весниците, но наместо тоа на нив може да се привлече внимание исклучително со ‘скандалозни’ постапки како овој од утрово“, стои во објавата на групата на социјалните мрежи.
Делото на Ван Гог масло на платно „Сејач“ е дел од изложбата поставена во историскиот дворец „Бонапарта“ во центарот на Рим. Сликата е на привремена позајмица, а постојано е изложена во холандскиот Музеј Кролер-Милер. За среќа, платното на масло биле заштитено со стаклен параван и не е оштетено, изјави портпаролката на изложбата, Камила Талфани.
Активистите кои се борат против климатските промени минатиот месец со супа од домати од конзерва ја залија сликата „Сончогледи“ на Ван Гог во лондонската Национална галерија, при што беше нанесена само помала штета на рамката.