2.8 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Нова патна инфраструктура и решавање на децениски проблем е во фокусот на градоначалниците од Вардарскиот регион

На денешната трибина „Промени што носат иднина во вардарскиот регион“ на отчетот за сработеното на политичкиот саем, „Саем на промени што носат иднина”, градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов истакна дека во изминатата година се реализирани бројни проекти меѓу кои и решавање на проблемот со загубата на вода со што се реконструирани повеќе улици.

Во изминатата година општина Неготино реализираше бројни проекти со единствена цел подобрување на севкупните услови на живеење на граѓаните. Општина Неготино беше позната како општина каде имаше најмногу рестрикции за вода во изминатите неколку години проектите кои што беа започнати од нашите градоначалници без основ беа стопирани од претходната локална самоуправа па така со самото назначување мое решивме да го подобриме водоснабдувањето и да ги реконструираме и преостанатите улици каде што има проблем со губењето на вода. Во изминатиот период покрај 9 те улиците успеавме да реконструираме и 3 улици во вкупна должина од 500 метри и имаме уште проекти за 2 улици. За наредната година ќе имаме 14 улици кои што ќе бидат целосно реконструирани и ќе обезбедиме приклучоци за самите нив. Со што долгогодишниот проблем со загубата на вода и рестрикции на вода ќе биде оставен во минатото. Целиот тој проект ќе чини околу 9 милиони денари. Како регионална соработка општина Неготино ќе добие едно противпожарно возило што ќе ги замени старите возила. Неготино годинава од областа на културата за прв пат направи и фестивал за дуодрама насловен „Бранко Ѓорчев“, нагласи Стојанов.

Градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов истакна дека следни проекти се реконструкција на градскиот плоштад, што веќе е започнато со планската документација, како и изградбата на кружниот тек на излезот кон Кавадарци.

Иако Неготино се наоѓа во центарот на Македонија сепак немам доволно инвестиции во општината. Како совет донесовме одлука за стимулација на инвеститори кои што ќе сакаат да инвестираат во општина Неготино за ослободување на дел од даноците кои што треба да ги плаќаат. За наредната година проекти се: реконструкција на градскиот плоштад, што веќе е започнато со планската документација, како и изградбата на кружниот тек на излезот кон Кавадарци. Во изработката на следниот буџет нема да биде изоставена ниту културата ниту спортот. Се планира и изградба на детски катчиња во сите урбани места во сите урбани единици, нагласи Стојанов.

Општина Лозово во изминатиот период вложи многу во образованието. За многу краток период од идеја до реализација успеавме да реализираме бројни проекти, денес со гордост можеме да се пофалиме дека основното општинско училиште Методи Митевски – Брицо во Лозово е едно од најдобро опремените училишта. Успеавме да обезбедиме лап топ компјутери за децата од прво и четврто одделение, таблети за децата од одделенска настава како во централното така и во сите подрачни училишта. Успеавме да обезбедиме интерактивни панели и смарт табли со ЛЦД проектори, рече градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски на денешниот даден отчет на саемот на промените што носат иднина.

Цветковски посочи дека на тој начин генерално се заокружува оваа набавка на опремата во првиот дел од нашата година од владеење и во натамошниот период продолжуваме и понатаму да реализираме вакви проекти во делот на образованието.

Тој додаде дека во изминатиот период општина Лозово излезе на терен и на дело ја спроведе праксата граѓаните да креираат буџет.

Ако во изминатиот период се случувало да дојдат граѓаните и да наидат на затворена врата во општината, денес таа врата е широко отворена и заедно со целиот тим од општинската администрација излегуваме на терен и го посетуваме секој дом. Она што е исклучително важно дека во креирањето на програми ќе може да учествува секој граѓанин заедно со тим од општинската администрација го посетуваме секој дом се со цел граѓаните директно да можат да ни пренесат своите идеи и да дадат свои предлози кои понатаму можеме да го имплементираме во буџетот“, потенцираше Цветковски.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев денес на трибината истакна дека Свети Николе ја има една од најмодерните противпожарни станици во Република Македонија. Тој појасни дека кога тој дошол како градоначалник во октомври месец 2021 година наишол на тоа дека старата противпожарна станица била комплетно урната, а пожарникарите биле сместени во еден објект под кирија каде што немале никакви услови, и немало простор каде да стојат противпожарните возила. Се смогнале напори и се стапило во контакт со одговорните чинители и за многу кратко време од страна на американската амбасада и изведувачот, на први февруари била започната изградбата, а завршила до 2-ри август. Од 2-ри август Свети Николе има комплетно нова противпожарна станица со сите модерни услови кои што ги заслужуваат вработените.

„Ние како локална самоуправа, ние со наши средства го опремивме внатре комплетно од смисла на сместување, кревети, мебел ентериер, и сите работи кои што се потребни за нашите пожарникари за да ги имаат основните услови за работа и за престој“, заклучи Владев.

Тој посочи дека имале три противпожарни возила што биле во функција, а некаде после новогодишните празници добиле донација од страна на доброволно противпожарно друштво уште едно возило. А, некаде кон крајот на ноември месец и почеток на декември се очекува од Вардарско плански регион уште едно ново противпожарно возило кое што треба да ги опслужува општините Свети Николе и Лозово.

„Сета работа и сет труд го насочивме во она што го нема Свети Николе, тоа е изградба на улици, асфалтирање на улици, канализации, водоводи, образование, спорт итн. Можам да кажам во претходната година имаме сработено или започнато околу 39 проекти. Од кои што како посебно задоволство ми е тоа што асфалтиравме во огромни потези во Свети Николе, од населбата Бел Камен до населба Рудина тоа е се некаде 8 – 9 улици со краци каде што има комплетно изградено два слоја на асфалт, комплетно сменета канализациона и атмосферска канализација, и поставување на тротоари. Исто така претходно направивме и нови асфалтирани улици, зборуваме за две улици со два крака во место викано Лозов Расадник, каде што има нови населби со нови куќи кои што во претходниот период го немало тоа. Не смееме да ги заборавиме и селата, еве можам да кажам дека во овој момент веќе се градат улици во село Градилиште, во село Ерџелија, и треба да почне во овој период во село Горовинци. А, паралелно се работи на комплетна реконструкција на улица Пиринска која што е во централното градско подрачје од Комуналното претпријатие до Пензионерскиот дом“, нагласи градоначалникот на општина Свети Николе.

Тој рече дека покрај промена на неколку километри на канализација на самото градско подрачје, е завршено и комплетно поставување на канализација во село Пеширово.

„Сите основни училишта и средното училиште се комплетно реновирани“, нагласи тој.

Градоначалникот на општина Велес, Марко Колев на денешната трибина за отчет на градоначалниците од вардарскиот регион истакна дека во Велес изминатата година се работи макотрпно, тоа што посочи дека е важно е да се има одлична соработка со советот, општинската администрација како и отворена општина за граѓаните, но како што додаде Велес како град на култура за една година во оваа област направи сериозен напредок.

Оваа година покажавме дека можеме, затоа покрај сите манифестации кои беа згаснати воведовме и нови, така ќе биде и во наредните три години. За прв пат воспоставивме театарски фестивал Петре во чест на големиот великан Петре Прличко, покрај тоа се одржа и интернационален фолклорен фестивал со претставници од многу земји, за прв пат воспоставивме фестивал ја џез и современа музика, продолжи скулптурската колонија, фестивалот за античка драма и секако фестивалот на велешка пита и вино го вративме по три години. Процесот на легализација 2000 предмети кои беа држени во фиока и не беа сработени и тоа ми беше едно од ветувањата, решивме голем број од нив. Вложивме многу патната инфраструктура, над 20 улици, подобрување на хигиена, зелени површини, субвенции за првачиња, поддршка на спортски манифестации и подобрување на спортска инфраструктура, рече Колев.

Колев потенцираше дека тоа што е ветено мора да се реализира, предизвици се енергетската криза, понатаму поддршката на изработка на документација за инвестиции во подобрување на патна инфраструктура со проекти од Светска банка, а општината ќе се фокусира и на подобрување во високите зони, проекти за спортско рекреативни комплекси, нови зелени површини, поддршка за спортски клубови, и се што се ветило да се реализира.

Киро Нацков градоначалник на општина Градско, во своето обраќање тој истакна дека со домаќинско работење можно е да се работи во интерес на граѓаните. За разлика од неговиот претходник кој според Нацков средствата на општината ги трошел по кафани, Нацков ги реализирал следните проекти:

Ние сме единствени во државата по тоа што имаме бесплатна градинка за сите деца во Градско, тоа го ветивме пред една година и го отпочнавме од први јануари оваа година, иако навидум кога го ветивме изгледаше за некој научна фантастика, дека не е возможно да се реализира и каде ќе најдете пари сега за тоа. Беше многу лесно да решам ние драстично ги намаливме трошоците од претходната власт која ги имаше за репрезентација, односно за трошење по кафани и парите ги пренаменивме за децата.

Тој рече дека имало инвестиции и во самото опремување на градинката како креветчиња, постелнини и нов систем за затоплување со кои условите се далеку подобри. Дополнително тој потенцираше дека во општина Градско се воведени стипендии за најдобрите студенти и ученици, за првачињата се обезбедил прибор и ранчиња, а во школите се поставени смарт табли во секоја училница.

Во формирањето на буџетот по преземањето на општините Нацков посочи дека се соочил со една карактеристична ситуација каде што затекнал не довршени улици за кои неговиот претходник немал обезбедено средства.

Се наоѓаш во една ситуација каде што или треба да ги оставиш така или да ги изработиш и притоа да обезбедиш финансиски средства кои што претходно општината ги немала и оваа ситуација да бидам искрен сите тие работи ги исплаќавме во оваа година, немавме и проекти кои беа оставени како готови, затоа самите на себе си дадовме еден вид на задача да изработиме нови проекти и го направивме тоа во изминатиот период. Имаме нов проект за партерно уредување во централното подрачје на Градско, имаме проект за изработка на сите улици во Виничани, проект за изработка на сите улици во Ногаевци, на дел од улиците во Водоврати, потоа имаме проект за осветлување на влезот на Виничани од излезот на селото до регионалниот пат, имаме проект за реконструкција на старата општинска зграда. Најголем дел од нив ќе се реализираат во наредната година и сами ќе си правиме буџетот кој ќе следи, рече тој.