ВИДЕО| Во падот на авионот во Танзанија загинале 19 луѓе

Бројот на загинатите во падот на авионот од моделот ATR-48 на компанијата „Precision Air“ во езерото Викторија во Танзанија при обидот да слета на аеродромот Букоба се зголеми на 19, објави во неделата вечерта премиерот Касим Мајалива.

„Сите Танзанијци се придржуваат во жалоста за овие 19 луѓе… кои ги загубија своите животи“, изјави премиерот Мајалива за новинарите во Букоба.

Според државната телевизија на Танзанија (TBC), авионот на „Precision Air“ со 39 патници на летото PW494 од главниот град Дар ес Салам се урнал додека се обидувал да слета на аеродромот во Букоба на западниот брег на најголемото езеро во Африка. Засега не се познати причините за несреќата, но TBC објави дека се случила во услови на невреме и обилни врнежи.

Очевидец изјавил дека го забележал авионот како нестабилно лета додека се приближувал кон аеродромот во услови на слаба видливост, и според него леталото свртило во правец на аеродромот, но го промашиле и завршиле во езерото.

Видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека авионот е речиси целиот потопен, а на површината на водат се гледа само неговата зелено-кафена опашка.

Како што претходно беше објавено, брзо биле распоредени чамци за спасување, а работниците на службите за итни реакции неколку часа продолжиле со извлекувањето на патници заробени во авионот. Според претходните информации, биле спасени 26 лица.

Спасувачите биле во контакт со екипажот во пилотската кабина и се обидувале да го извлечат авионот од езерото, изјави за новинарите Алберт Чаламила, главен администратор на танзанискиот регион Кагера.