
Украинскиот претседател Владимир Зеленески изјави во неделата дека неговата земја се подготвува за нови руски напади врз нејзината инфраструктура, откако градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио.
Украина во понеделникот се соочи со недостиг од 32 отсто од предвиденото снабдување со електрична енергија, изјави Сергеј Ковалнеко, извршен директор на ЈАСНО, главниот снабдувач со струја на Киев.,
Оцени дека „тоа е многу“ и дека станува збор за „виша сила“, Во меѓувреме државните енергетски власти предупредија дека планираат исклучувања, но и на можни натамошни ограничувања во главниот град и регионот околу него, како и во уште шест региони во земјата.
Предупредувањата следеа откако киевскиот градоначалник Кличко ги повика сограѓаните да „бидат подготвени на сѐ“, вклучително и најлошото можно сценарио во кое украинската престолнина останува без струја и вода.
„Доколку имате пошироко семејство… или пријатели надвор од Киев, каде постои автономно снабдување со вода, греење, печки, ве молиме да ја разгледате можноста таму да останете на одредено време’, порача Кличко.
Претседателот Зеленски во своето прекуноќно видео обраќање истакна дека 4,5 милиони потрошувачи уште сега се без струја.
„Исто така сфаќаме дека терористичката држава ги концентрира силите и средствата за можно повторување на масовните напади врз нашата инфраструктура, Во прв ред, енергијата, Конкретно, за тоа на Русија ѝ беа потребни иранските ракети. Ние се подготвуваме за одговор.
Зеленски подетално не ја објаснува својата изјава дека Русија има потреба од ирански ракети за гаѓање на украинската енергетска инфраструктура.