Во Шангај отворен Петтиот Светски форум на лауреати

На Петтиот светски форум на лауреати, меѓународен собир од областа на науката и технологијата, што се одржува во Шангај, учествуваат 27 добитници на Нобелова награда и уште 60 научници од 20 држави.

Тема на овогодишниот Форум е „Науката напред: Создавање на светла иднина“.

Организаторите на Форумот наведуваат дека во изминатите неколку години оваа платформа стана важен начин за поврзување на врвните светски научници и за дијалог во светските научни кругови.

На отворањето на Форумот, германскиот биохемичар Дирк Горлих ја доби наградата за медицина, а наградата за компјутерски науки и математика – Мичел И. Џордан. Тие се наградени со 10 милиони јуани (околу 1,39 милиони американски долари).

Светскиот форум на лауреати е основан во 2018 година, со цел да се унапреди науката, да се зајакне меѓународната соработка и да се поддржат научниците од младата генерација.