Погледнете ја Македонија, плаќа купекс цена, пазарна цена, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ, објаснувајќи ја енергетската состојба на земјите од западен Балкан.
Токму таа енергетска состојба е стабилизирана во Србија, рече Вучиќ, но додаде дека во никој случај нема да биде лесно оти има уште 4 месеци долга зима.
Вучиќ објасни дека Србија има една од најниските цени на електрична енергија, додека, пак, Македонија ја има најскапата.
– Погледнете ја Македонија. Плаќа купекс цена, пазарна цена. И кога изнесуваше 300, дури и тогаш Македонците ја плаќаа струјата по таа цена. Кај нас со сите такси беше 66 – рече српскиот претседател во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк.