Пригожин за мешањето во изборите во САД: Интервениравме прецизно

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин иронично одговорил на гласините за „обидите за мешање“ во американските избори, истакнувајќи дека мешањето ќе биде „внимателно и прецизно“, објави неговата служба за односи со јавноста.

Во западните медиуми ова се толкува, пак, како „прво признание“ за наводното мешање руско мешање во американските избори, на човекот кого за тоа Вашингтон и формално го обвинува.

Бизнисменот бил прашан да ги коментира информациите на некои западни медиуми кои неговото име го поврзуваат со „обидите за мешање“ во изборите за Конгресот во САД кои ќе се одржат во вторник.

„Ќе ви одговорам многу суптилно, деликатно и, ве молам простете, ќе дозволам одредена двосмисленост. Господа, се мешавме (во американските избори), се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателни, точно, хируршки на наш начин, како што ние тоа го правиме. Во текот на нашите насочени операции ќе ги отстрамниме бубрезите и црниот дроб одеднаш“, рекол Пригожин во изјавата која службата за односи со странство која неговата компанија „Конкорд“ на руската социјална мрежа ВКонтакте.

Пригожин, инаку е наречен „готвачот на Путин“, бидејќи неговата компанија го работи кетерингот за Кремљ, формално е обвинет за спонзорирање „фарми на тролови“ во Русија кои наводно настојуваат да влијаат врз политиката.

Американскиот Стејт департмент во јули понуди награда од 10 милиони долари за информација за Пригожин во врска со „мешањето во американските избори“. Тој е опфатен со антируските санкции од САД, Велика Британија и ЕУ.

Деловната агенција Bloomberg, наведувајќи ја аналитичката компанија „Graphika“, тврди дека корисниците на социјалните со Русија користат тролови за да влијаат на исходот американските конгресни избори.

Корисниците „поврзани со руската Агенција за интернет истражувања“, поттикнуваат расистичка и запалива реторика за да ја поткопаат поддршката на кандидатите на демократските кандидати. Покрај тоа, наведува агенцијата, во кампањата на интернет биле промовирани и идеите дека Украина е нацистичка држава, како и дека американскиот претседател Џо Бајден помагајќи ја Украина го урива животниот стандард на Американците.

Се наведува и дека организацијата „Newsroom for American and European Based Citizens“, која наводно е поврзана со споменатата руска Агенција за интернет истражувања, ја користела платформата Gab за да ги промовира републиканците кои го критикуваат Бајден. Некои линкови објавени од корисниците воделе до медиумски ресурси кои наводно се поврзани со Пригожин.

До неодамна Пригожин не се истакнуваше во јавноста, но во текот на војната во Украина стана поприсутен, па и во критиките за стратегиите на руските генерали. Во септември повреди дека учествува и во финансирањето на приватната воена организација „Вагнер“ чиишто платеници од целиот свет дејствуваат на боиштата во Сирија, Африка и Украина.