Градоначалниците на СДС немаат отчет дека немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни

Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни. Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат. Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде најмногу се инвестира. За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС скоро и да немаат ништо сработено, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Една година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација. И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија, се служат со лаги, манипулации и криминал. Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат.
Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.