
Републиканците би можеле да ги победат демократите на меѓуизборите за Претставничкиот дом, долниот дом на американскиот Конгрес, што станува сѐ поверојатно со доаѓањето на резултатите, прогнозираат телевизиските мрежи NBC News и CBS News.
По затворањето на гласачките места во четириесет сојузни држави на САД на изборите избори, републиканците имаат 108, а демократите 58 места во Претставничкиот дом од 435 места. Тие резултати се менуваат од минута во минута, но републиканците се во постојано водство од самиот почеток, според податоците на CBS.
Според проекцијата којашто ја објави NBC, пак, Републиканската партија во долниот дом на американскиот парламент ќе освои 219, а Демократската партија на претседателот Џо Бајден 216 мандати.
Досега Претставничкиот дом беше демократски. Демократите имаа 222 пратениците наспроти 213 републиканци. Сепак, во пресрет на изборите, анкетите укажуваа на веројатен пораз на демократите во борбата за долниот дом. Меѓутоа, републиканците презедоа три места кои претходно ги имаа демократите, според истражувањето на Edison Research.
Меѓу оние кои успеаја да бидат реизбрани во Претставничкиот дом, според прогнозата на весникот The New York Times, е и републиканката Марџори Тејлор Грин. Таа е автор на неколку резолуции за импичмент на актуелниот американски претседател Џо Бајден и е блиска до поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп. Иако нејзините иницијативи беа лесно отфрлени, во новата констелација на односите во Претставничкиот дом нејзините интенции може да имаат други димензии.
Што се однесува до многу потесната трка во Сенатот, неколку републикански сенатори беа лесно реизбрани. Но, првичните резултати досега не ја нарушуваат рамнотежата на силите во Сенатот, кој е 50-50 и моментално е под контрола на демократите поради дополнителниот глас на потпретседателката Камала Харис.
Како што претходно објави телевизијата CNN, во американскиот Сенат местата на политичките противници засега се еднакви, и двете партии добиваат по 40 места.
Во вторник на дополнителните избори се избираа 35 сенатори и борбата е многу неизвесна. Клучната битка се води во Џорџија меѓу демократот Рафаел Ворнок и поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, републиканецот Хершел Вокер.
Битката за Сенатот се води и во Пенсилванија меѓу демократот Џон Фетерман и републиканецот, познатиот докторка и ТВ ѕвезда Мехмет Оз.
Бидејќи битката за контрола на Сенатот е многу неизвесна, може да минат неколку дена пред да има јасен победник.Избирачките места продолжуваат да се затвораат во шест временски зони и педесет држави, а последната е Алјаска.