Изборите во Џорџија за Сенатот веројатно во втор круг

Изборите за местото во Сенатот од сојузната држава Џорџија речиси сигурно ќе бидат решени во вториот круг кон почетокот на декември, објавија тамошните изборни функционери.

Вториот круг ќе се одржи според законот на државата, доколку ниеден од кандидатите не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, и ќе се води борба против двата најдобро пласирани кандидата.

Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал Хершел Вокер, кој ја доби поддршката од поранешниот демократски претседател Доналд Трамп, настојува да го освои местото во Сенатот кое го држи демократот пасторот Рафаел Варнок, проповодник во поранешната црква на Мартин Лутер Кинг помладиот во Атланта.

По 98 отсто од преброените гласови, Варнок има 49,4 отсто од гласовите а Вокер 48,5 отсто. Два отсто освоил либертаријанецот Чејс Оливер.

Сојузната држава Џорџија е клучна и за демократите и за републиканците за добивање на контролата над Сенатот.

Изборниот функционери Габриел Стерлинг објави на Twitter дека додека продолжува „деталната работа на пребројувањето на гласовите.,,, сметаме дека сигурно ќе има втор круг за американскиот Сенат“.

Во борбата за горниот дом на американскиот парламент, моменталниот однос на силите е 48-48.

Демократите добија „ветер в грб“ со победата на Џон Фетерман над популарниот „телевизиски доктор“ Нехмет Оз во Пенсилванија, која се смета за клучните држави на изборите.

Изборите се сѐ уште отворени во четири држави, покрај споменатата Џорџија, а тоа се Аризона, Невада и Висконсин.

Додека демократите се чини дека моментално минимално водство од еден мандат во трката за Сенатот, поради репшавачакиот глас на потпретседателката Камала Харис, републиканците речиси сигурно извојувале победа во Претставничкиот дом.

Републиканската партија е на добар пат да ја преземе контролата во долниот дом на Конгресот. Републиканците во моментов имаат потврдени 198 мандати а демократи 173 во Претставничкиот дом, според проекциите на водечките американски телевизиски мрежи. За мнозинството потребни се 218 мандати, а

Според проекцијата којашто ја објави NBC News, Републиканската партија во долниот дом на американскиот парламент ќе освои 219, а Демократската партија на претседателот Џо Бајден 216 мандати.