Дел од прехранбената индустријата, водостопанствата и училиштата можат да се пријават за снабдување со струја од ЕСМ Продажба

-АД ЕСМ ги подготви процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта, соопштуваат од државната компанија.

Истите се поставени на официјалната страна на АД ЕСМ од каде засегнатите субјекти ќе можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните меил адреси кои се наведени во упатствата, како и во архивата на АД ЕСМ.