Meta отпушта 11.000 работници

Американската компанија „Meta“, сопственик на најголемата социјална мрежа на светот Facebook, соопшти во средата дека ќе отпушти повеќе од 11.000 работници, предупредувајќи на пад на приходите од огласување во периодот на запирањето на економските активности.

Бранот отпуштања, првиот во 18-годишното постоење на „Meta“, порано „Facebook“, се надоврзува на илјадниците откази во другите големи технолошки компании, вклучително и „Twitter“ и „Microsoft“.

Процутот на секторот во времето на пандемијата на коронавирусот спласна годинава и ги поништи оптимистичките прогнози за 2022 година, која донесе највисока инфлација по повеќе децении и забрзано кревање на каматните стапки.

„Не само што интернет тргувањето се врати на претходните трендови, туку и макроекономскиот пад, поострата конкуренција и сигналите за губење на рекламите, ги намалија нашите приходи повеќе отколку што очекував. Згрешив и ја преземам одговорноста за грешката“, наведува главниот извршен директор Марк Цукерберг во пораката до вработените.

Според него, „Meta“ мора поефикасно да го користи капиталот и да ги пренасочи ресурсите во „областите на раст со висок приорите“, како што е објавувањето на содржината со поддршка на вештачката интелигенција, огласите и деловните платформи, но и проектот „метаверзум“.

Компанијата објави дека на отпуштените работници ќе им бидат исплатени отпремнини во висина на 16 неделни основни плати, плус две дополнителни неделни плати за секоја година работен стаж и преостанатата платено слободно време. На работниците уште шест месеци ќе им бидат покривани трошоците за здравственото осигурување, а отпуштените на 15-ти ноември ќе ги добијат уплатите за пензиите.

Од „Meta“ соопштија и дека планираат да ја намалат дискреционата потрошувачка и да го продолжат вработувањето до крајот на првото тримесечја следната година.