Кинески производител на авиони обезбедил 330 нарачки

Кинескиот произведувач на авион „Commercial Aircraft Corporation of China“ (COMAC) соопшти дека осигурил 330 нарачки за теснотрупестите авиони од моделот „C919“ и регионалните млазни авиони „ARJ21“, подигнувајќи ја процената за кинеската побарувачка во следните 20 години.

Компаниите „China Development Bank Leasing“, „ICBC Leasing“, „CMB Financial Leasing“, „BOCOM Leasing“, „CCB Financial Leasing“, „SPDB Financial Leasing“ и „Jiangsu Financial Leasing“ потпишале нарачки за 300 авиони од моделот „C919“ и 30 авиони од моделот „ARJ21“ во вторникот на воздухопловниот саем во градот Жијаи, во покраината Гиангдонг.

Засега не е јасно колку авиони во објавата од средата навистина се нарачани, а колку се само предмет на формално искажан интерес, а не се наведени ниту датумите за испорака, забележува агенцијата Reuters.

Пред оваа објава, COMAC имал 815 нарачки за моделот „C919“ за 28 купувачи, според веб-страницата на компанијата, но само „ China Eastern Airlines“ го објави распоредот на испораките. Се очекува дека првиот авион ќе го добие во декември, а следната година уште четири.

Авионот „C919“ е кинескиот конкурент на авионите „Airbus A320neo“ и „Boeing 737 MAX“, кои исто така, се со тесен труп, бидејќи Кина сака да стане посамостојна во условите на сѐ поизразените тензии во односот со Западот околу трговијата и статусот на Тајван.

Од COMAC во вторникот прогнозираа дека на Кина во следните 20 години ќе ѝ бидат потребни 9.284 нови авиони за да ја задоволи побарувачката на домашниот пазар, за 200 повеќе отколку што прогнозираа минатата 2021 година.

Процената на кинескиот произведувач на авиони е поголема од процената на американски „Boeing“, кој во октомври прогнозираше дека на Кина во следните 20 години ќе ѝ бидат потребни 8.485 нови авиони.

Американскиот производител проценуваат дека Кина, поради сѐ пошироката мрежа меѓународни и домашни рути, во споменатиот период ќе ѝ бидат потребни 6.370 теснотрупести авиони, додека COMAC соопшти дека нивните процени се за 6.896 такви цивилни летала.

Компанијата „Boeing“ од 2017 година е речиси исклучена од нарачките на најголемиот светски пазар на нови авиони, поради трговските тензии меѓу САД и Кина. Кинеските авиопревозници истовремено оваа година одлучија да купат повеќе од 300 авиони на европскиот концерн „Airbus“.

Во средата, сепак, и COMAC и „Boeing“ објавија дека ја продолжуваа соработката во Центарот за одржлива воздухопловна технологија COMAC-Boeing, кој го основаа во 2012 година, за да ја подобра ефикасноста на горивата и да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид, според објавата на американската компанија на кинеската социјална мрежа Weibo.

Тој договор е постигнат бидејќи „Boeing“ сака да ја сочува силната присутност во Кина, иако повеќе оваа земја не ја вклучува во финансиските прогнози поради тоа што не прифаќа испораки за новите авиони од MAX серијата.

„Губењето на Кина силно на погаѓа. Ги сакаме. Нема да им свртиме грб на ниеден начин и во никакви околности, изјави минатата седмица за инвеститорите главниот извршен директор на американската компанија Дејвид Калхан,

Кинескиот државен весник на англиски јазик Global Times во октомври пишуваше дека во „Boeing“ се огледуваат американските компании кои „го доживеаја ефектот на бумеранг поради американската политизација а економските и трговските прашања“.