Руската армија денеска соопшти дека почнала да се повлекува од областа Херсон, каде што е во тек украинската контраофанзива против руските сили на југот на Украина.
Руските сили имаат намера да преминат на источниот брег на реката Дњепар.
„Единиците на рускиот контингент маневрираат кон позициите поставени на левиот (источниот) брег на реката Дњепар, во согласност со одобрениот план“, соопшти руското Министерство за одбрана. Тоа повлекување вклучува и напуштање на градот Херсон, единствениот регионален главен град што Кремљ го зазеде од крајот на февруари, кога почна офанзивата во Украина.
Главниот командант на украинската армија Валериј Залужни објави дека неговите сили во средата напреднале седум километри во областа, преземајќи ја контролата врз десетина села.