САД „гледаат“ можност за руско повлекување од Херосн

САД забележале некои знаци дека руските сили би можеле да планираат повлекување од градот Херсон, од јужниот проруски регион на Украина, изјави во четвртокот советникот на Белата куќа за национална безбедност, Џејк Саливан, додавајќи дека тоа не значи дека војната е при грај.

Саливан истовремено ги отфрли медиумските извештаи дека Вашингтон врши притисок врз Украина да започне дипломатски преговори со Москва во врска со војната.

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников претходно во четвртокот изјави дека на Русија ќе ѝ бидат потребни најмалку една седмица за да ги повлече своите војници од Херисон и дека зимата ќе ги забави борбените дејствија, што на двете земји че им даде можност да се реорганизираат.

Резников во интервју за повеќе медиуми тврдеше дека Русија има 40.000 војници во Херсонската област и дека руските единици сѐ уште се во самиот град и во околината на десниот брег на големата река Дњепар.

„Не е лесно да се повлечат овие трупи од Херсон во еден или два дена. Најмалку ќе биде потребна една седмица“, оценил за Reuters Резников, признавајќи дека е тешко да се предвиди дејствувањето на руската војска.

Украинските сили повеќе од два месеци се безуспешно се обидуваат да направат пробој преку руските позиции, а во четвртокот објавија дека наводно заземале некои периферни населби во Херсонската област по најавата за руското повлекување.

Гувернерот на Никоалевската област, Виталиј Ким, објави на социјалните мрежи, без да даде доказ, дека селото Чернобјавка веќе е под украинска контрола, „Продолжуваме да молчиме, бидејќи сево ова е воено прашање“, тврди Ким.

Во меѓувреме украинската команда објави дека руската војска „само полека се повлекува“ за да ги засили своите одбранбени линии на спротивниот брег на Дњепар.