ВИДЕО: „Шериjатска полиција” патролира во Германија

Самонаречена „шериjатска полиција” патролира без никакво координација со властите во германскиот град Вупертал (Северна Рајна – Вестфалија), пишуваат локалните медиуми. А вчера нејзините членови дури качија во интернет видео од своето ноќно патролирање.

Претставници на германската влада веднаш реагираа силно и негативно. За новите патишта на улиците на градот во кој живеат околу 30 000 муслимани во видеото се повикуваат да се вклучат млади луѓе од групата на салафитите – поддржувачи на крајно конзервативниот ислам. Тоа во последно  време се наоѓа на нишан на службите во Германија, особено по случувањата во Сирија и Ирак, каде што на земјата на исламистите војуваат   и германски државјани. Во Германија стравуваат дека по враќањето дома ќе се обидат да ги радикализираат овдешните муслимани. 

„Шериатската полиција” носи портокалова елеци со рефлексивни бопи. Тие патролираат по улиците на Вупертал крај барови, казина, ноќни клубови, водат беседи со нивните посетители и им нудат да се откажат од алкохолот и цигарите и да ги следат канонските норми на исламот. Германската влада меѓутоа  оваа иницијатива на салафитите ја гледа како  провокација и обид да привлечат  нови следбеници во своите редови. 

„Закон на шеријатот на германска земја не може да има. На никого не може да му биде дозволено да го  оцрнат угледот на германската полиција”, рече министерот за внатрешни работи Томас ди Мезер.”За почитувањето на редот и законот одговара државата. Никакви паралелни организации нема да бидат толерирани.”

Германската покраина Северна Рајна Вестфалија го забрани носењето на елечиња на кои пишува „шеријатска полиција“. Покраинскиот министер за внатрешни работи, Ралф Јегер изјави дека веќе издал соодветна полициска наредба. Тој порача дека граѓаните, кои се чувствуваат под притисок од страна на самопрогласенита полиција за заштита на шеријатското право, можат да се обратат на итен телефонски број, а полицијата против сторителите ќе покрене истрага за омаловажување и прекршување на Законот за носење униформи.