Само 500 милилитри дневно свеж сок од целер може целосно да ви го промени здравјето и варењето и тоа за само една недела. Сокот од целер е алкализирачки пијалак богат со ензими кои ја подобруваат работата на црниот дроб, го балансираат нивото на шеќер во крвта и имаат антисептични и антиинфламаторни својства.
Лековити својства
Свежиот сок од целер го чисти протокот на крв, помага во варењето на храната, спречува мигрена, ги релаксира нервите, го намалува крвниот притисок и ги елиминира проблемите со кожата.
Одличен пијалок
• Пијте најмногу 500 милилитри сок од целер на празен стомак секое утро, без да додавате други состојки.
• Сокот од целер е лековит, а и нискокалоричен пијалак. Имајте предвид дека не е замена за појадок, но пред да изедете нешто, почекајте барем 15 минути.
• Ако 500 мл ви е премногу, започнете со помалку и продолжете постепено да ја зголемувате количината.
• Ако сметате дека вкусот на целерот е премногу интензивен, можете да додадете една краставица или јаболко. Ова е одлична опција за почетници.
Откако ќе се навикнете на вкусот, продолжете да го зголемувате процентот на целер во сокот.
Како да го подготвите сокот?
Исплакнете го целерот (еден врзоп) и само исцедете во соковник или процесор за храна. Пијте веднаш за максимална корист, бидејќи со секоја помината минута сокот оксидира.