Во битолско најдени 837 неексплодирани бомби од Првата светска војна

Во атарот на селото Старавина, Битола, биле пронајдени 837 неексплодирани бомби кои потекнуваат од Првата светска војна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронаоѓањето на бомбите во битолската полиција било пријавено на 10-ti ноември.

По пријавата, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги подигнал бомбите за натамошно постапување.