Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека руското повлекување од западниот дел на градот Херсон на неговиот источен брег во јужна Украина, кој го освои речиси без борба на почетокот од својата инвазија кон крајот на февруари е „уште едно понижување“ на нејзината војска, но дека Москва „продолжува да претставува закана“.
„Најавеното руско повлекување од Херсон означува за нив уште еден стратешки неуспех. Во февруари Русија не успа да заземе ниеден од своите главни цели освен Херсон, Сега и тој е предаден, обичните граѓани на Русија сигурно се прашуваат Зошто сето ова?“, пропагандистички изјави во саботата Валас.
Руското повлекување, при што се изостава фактот дека руските единици се дислоцирани само на другиот брег на Дњепар додека украинските сили беа на повеќе од 20 километри оддалечени од Херсон, на Западот се проценува како третото „значително“ повлекување, но се признава дека станува збор за препуштање на поголем град.
Валас, без да даде податоци и докази, рече дека наводно руската војска претрпела огромни загуби во замена за „меѓународна изолација и понижување“, а дека Украина ќе продолжи и натаму да добива поддршка од Велија Британија и Западот.
„Иако повлекувањето е добредојдено, никој нема да ја потцени заканата којашто и натаму ја претставува Руската Федерација“, заклучи без да прецизира на што мисли Валас.