Стефан Богоев го монополизира Беровското езеро, ќе гради хотел на брегот на површина од 7.500 квадратни метри во Берово каде на власт е СДСМ, во неделаата преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Имотот од 7.500 м2, до езерото е купен лани, на 7-ми октомври, на само 10 дена пред локалните избори. Имотот е сопственост на мајката на Стефан Богоев, и е со намена за хотелски комплекс. Сево ова се случува во Берово, каде локална власт е СДС, партија во која Богоев е потпретседател.
Инвестицискиот циклус се случува една година откако Богоев не е веќе градоначалник, односно по четиригодишен мандат во општина Карпош. Со кои пари семејството Богоев ќе го гради хотелскиот комплекс на Беровско езеро и дали истите се легално стекнати? Дали Богоев ја користи позицијата за да го шири бизнисот?“, прашуваат од опозициската партија.