Полицијата на германската престолнина Берлин се соочи со жестоки критики откако беше објавено дека еден од нејзините службеници, а кој имал пристап до доверливи документи, јавно искажувал проруски ставови, објави во саботата весникот Die Welt.
Според написот, станува збор за извесен Микаел Блок кој „до неодамна“ служел во единицата на берлинската полиција за истрагите на политички мотивирани злосторства. Се истакнува дека таквата позиција бара беспрекорна репутација, бидејќи работата е поврзана со доверливи разузнавачки информации.
Како што пишува Welt, активностите на Блок, кој никогаш не ги прикривал своите уверувања, се ставаат под сомневање поради фактот што тој имал пристап до доверливи информации.
Весникот оценува дека Бок бил компромитиран, на пример, со собирањето и испораката на хуманитарна помош од граѓаните на Берлин уште во 2015 година за проруското населени во одметнатите југоисточни украински региони Доњецк и Луганс, во текот на украинската граѓанска војна една година по насилниот преврат во Киев. Според весникот, полицаецот не само што ја организирал испораката на хуманитарната помош, туку и лично учествувал во тоа.
Покрај тоа, Бок присуствувал на парадата на московскиот Црвен плоштад по повод 70-годишнинаа од победата над нацистичка Германија и тогаш изјавувал дека бил „речиси спроти претседателот“ на Русија, Владимир Путин. На полицаецот му се припишува и наводно „одржување контакти со ултрадесничарите“.
Според сознанијата на весникот, од берлинската полиција покренале дисциплинска истрага за случајот на Бок. „Ние ова го сфаќаме многу сериозно“, рекла началничката на берлинската полиција Барбара Словик.
Полицијата на германската престолнина остро е критикувана и од Каи Вегнер од најголемата опозициска партија Христијанско-демократската унија (CDU).
„За жал, овој случај нанесува значителна штета на угледот на берлинската полиција“, оцени Вегнер.
Се наведува и дека самиот Бок ги отфрлил таквите обвинувања против него, а не одговорил на прашањата на весникот.