
Премиерот Димитар Ковачевски упати сочуство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул.
-Упатувам длабоко сочуство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер.
Накмалку шест луѓе загинаа а уште 53 други се ранети во експлозијата која во неделата рано попладнето одекна на Истикал најпознатата трговска улица и пешачка авенија во Истанбул.
Како што јави турската телевизија НТВ, експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога улицата била преполна.