Претежно сончево со утринска магла по котлините, од средината на седмицата облачно со локален дожд

Времето во Македонија во понеделникот ќе биде претежно сончево со утринска магла по котлините.

Утринските температури се движат од минус 3 степени во планинските предели до 6 степени на југот, а максилмалните дневни ќе достигнат меѓу 12 и 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне е со појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Дневната температура ќе достигне до 15-от степен.

Во следните два дена времето ќе биде стабилно со појава на утринска магла по котлините и со ниски минимални температури.

Од средината на седмицата ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд.

Утринските температури насекаде ќе бидат над нулата, а дневните ќе бидат без промени.