Девет годишно девојче и нејзиниот татко загинаа во експлозијата во Истанбул

Меѓу шестемина убиени во терористичкиот напад во неделата во Истанбул се и деветгодишно девојче и нејзиниот татко, Јусуф Мејдан и неговата ќерка Екрин.

Веста за нивната смрт ја потврди министерката за семејства и социјални услуги, Дерја Јаник.

„Го проколнувам овој предавнички напад во кој загинаа татко и неговата ќерка. Како земја, ние стоиме со сите средства со семејствата на нашите браќа и сестри кои загинаа и со нашите ранети луѓе. Ништо злобно нема да може да го наруши нашето единство и солидарност“, рече таа.

Мејдан, кој работел во Министерството за семејства, со семејството дошол во Истанбул да присуствува на свршувачка на роднина. Во неделата се движеле по улицата каде што се случи нападот.

Јусуф и неговата ќерка загинаа, додека неговата сопруга беше тешко повредена во експлозијата.

Во неделата попладне, силна експлозија одекна на шеталиште во центарот на Истанбул, што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја нарече „бомбашки напад“.

Најмалку 81 лице е повредено, а турската полиција уапси жена, која ја признала поврзаноста со терористичка организација.