САД воведоа нови санкции против Русија, се цели на воениот сектор

САД објавија во понеделникот дека ги прошируваат санкциита против Русија чија цек е да се наруши синџирот на снабдување на рускиот воен апарат и финансиските мрежи поврзани со Кремљ, меѓу кои и компании во Франција и во Швајцарија.

Американското Министерство за финансии и Стејт департментот соопштија дека санкции се воведени за руската компанија за електроника „Milandr“ и за навнодно параван-компании во Ерменија, Тајван и Швајцарија поврзани со руската компанија.

„Како одговор на неиспровоцираната војна на Москва против Украина, САД продолжуваат да ги нарушуваат руските воени синџири за снабдување и да наметнуваат големи трошоци за оние кои му помагаат на претседателот Владимир Путин, како и на секој што ја поддржува бруталноста на Русија против својот сосед“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

САД воведе санкции и за членовите на семејството на рускиот олигарх Сулејман Керимов, кој веќе е под руски санкции, вклучително и една од неговите ќерки Гулнара Керимова, која поседува четири агенции за недвижности во Франција. Санкции се воведени и за и за швајцарската државјанка Лорен Кач, која раководи со овие агенции.

Новите ограничувања се насочени кон менаџментот на руско-малтешката авиокомпанија „Император авијација“, која организира луксузни патувања за семејството Керимов.

Меѓу лицата кои се санкционирани е и Александар-Валтер Студхалтер, кој има клучна улога во финансиската мрежа на Керим, како и рускиот бизнисмен Мурат Алиев и субјектите поврзани со него.

Санкции се воведени и за уште две швајцарски холдинг компании поврзани со Андреј Григориевич Гуриев, поранешен руски сенатор близок до Владимир Путин.

Со американските санкции се замрзнуваат и евентуалните имоти на овие лица во САД и се забрануваат какви било интеракции меѓу нив и американски или други банки.