Променливо облачно, со сончеви периоди

И денеска продолжува стабилната временска состојба, во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Во претпладневните часови во котлините има појава на магла или ниска облачност. . Попладне променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот меѓу 12 и 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината се очекуваат исти временски прилики, со максимална температура до 14 степени