Роберта Флек има АЛС, не може повеќе да пее

На американската пејачка Роберта Флек, добитничка на Греми, позната по бројните хитови меѓу кои и „Killing Me Softly with His Song“, ѝ е дијагностицирана Амиотрофична латерална склероза (АЛС), познаа и како Лу-Геригова болест, и повеќе не може да пее, соопштија во понеделникот нејзините претставници.

Станува збор за прогресивна, обично смртоносна невродегенеративна болест, „која ѝ го оневозможи пеењето и не ѝ лесно да зборува“, стои во изјавата на нејзините претставници за јавноста. „Но ќе треба многу повеќе од АЛС за оваа икона да биде замолчена“, истакнуваат.

АЛС ги уништува нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок кои ја контролираат мускулната функција, што доведува до прогресивна парализа и смрт.

Документарниот филм за 85-годишната Роберта Флек би требало да биде прикажан на филмскиот фестивал во Њујорк следната седмица. Во јануари ќе биде емитуван на американската телевизија PBS. Во јануари, исто така, ќе се појави и книгата за деца на Роберта Флек.

Роберта Флек во 70-те години од минатиот век имаше неколку хитови на првите места на топ-листите, а има снимено 20 студиски албуми. Освои четири престижни музички награди Греми и го доби признанието за животно дело во 2020 година.