Нова практика на Општина Центар со која ја докажува својата транспарентност пред граѓаните. Од оваа година, Центар започнува со објавување на полугодишни извештаи за издадените одобренија за градење на ниво на општината, информираа од таму на својата фејсбук страница.
Додаваат дека: „Започнувајќи од барањата поднесени од 1.1.2021 година, до денес, издадени се 68 правосилни одобренија за градење, од кои 35 се издадени од доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски на позицијата, во ноември, минатата година.
Оваа практика на Општина Центар е чекор напред кон воспоставување на целосно транспарентни и отчетни институции и позитивен пример и за останатите општини не само во Скопје туку и во целата држава“.