Зеленски: Над десет милиони Украинци се без струја

Во моментов, повеќе од десет милиони Украинци се без струја, особено во регионот на Киев, рече украинскиот претседател во своето редовно прекуноќно обреќање.

Неколку украински градови, вклучително и главниот град Киев, вчера беа цел на руски напади, што се совпадна со првите снежни врнежи во земјата зафатена од недостиг на електрична енергија и каде температурите може да паднат и до минус 10 степени Целзиусови.

Бомбардирањето на енергетската инфраструктура на Украина од октомври редовно лишува милиони Украинци од струја и вода. Националниот оператор за електрична енергија „Укренер“ го најави продолжување на недостигот на струја поради „влошување на ситуацијата“.

„Поради ненадејниот студ, потрошувачката на електрична енергија се зголеми во регионите на Украина, што дополнително ја искомплицира и онака тешката ситуација во електроенергетскиот систем, а тоа доведе до пошироки ограничувања во потрошувачката на електрична енергија низ целата земја“, соопшти Укренерго.