14 години од смртта на Бранко Гапо – еден од основоположниците на македонската кинематографија и најплодните филмски режисери

Пред 14 години, на 18 ноември во Скопје починал Бранко Гапо, еден од најпознатите, најплодните и најнаградуваните македонски филмски режисери.

Со над 40 документарни и 7 играни филмови, како и со работата на драмски, телевизиски и радио-претстави, во период од над 40 години, тој бил меѓу основоположниците на македонската кинематографија.

Најпознати филмови: „Денови на искушение“, филмска адаптација на драмското дело „Црнила“ од Коле Чашуле, „Време без војна“, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Време, води“, „Македонска сага“.

За своите филмови бил носител на врвни македонски и меѓународни награди, меѓу кои и Сребрен медал на Меѓународниот филмски фестивал во Авелино за филмот „Време, води“, како Голема сребрена Арена на Фестивалот на југословенскиот игран филм во Пула, за филмот „Најдолгиот пат“.

Носител бил и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело. Роден бил во Тетово, на 5 ноември 1931 година.