Белград и Приштина не постигнаа договор за регистарските таблички

Договорот за регистарски таблички меѓу Белград и Приштина не е постигнат, а информациите за постигнатиот договор од приштинските медиуми се лажни.

– Не беше постигнат договор за табличките или враќањето на Србите во институциите, бидејќи медиумите во Приштина се обидуваат да ја шират таа пропаганда, пренесоа некои белградски медиуми.

Станува збор за најобична дезинформација и дистрибуција на лажни вести со цел Приштина да се обиде да ја отстрани одговорноста за прекршување на сите договори, велат од Канцеларијата за Косово и Метохија.

Уште во октомври, Владата на Косово донесе одлука дека од 1 до 21 ноември Србите кои не ги пререгистрирале возилата со таблички „РКС“ ќе добијат опомена, додека мерката парична казна ќе важи до 21 јануари, кога дефинитивно ќе се поништат „старите“ регистрации.