Фатиме Фетаи се откажа од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство

Поранешната обвинителка на СЈО, Фатиме Фетаи, испратила мејл деке се повлекува од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство.

Претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски за „Фокус“ потврдил дела примиле имејл со известување за повлекување на кандидатурата на вишата обвинителка.

Тој сепак посочи дека ќе мора да се слушне со обвинителката за да ја потврди веродостојноста на информацијата, односно да се утврди со сигурност дека таа го испратила известувањето.

Изборот за шеф на вишото обвинителство е одложен за 21 ноември. Во трката сега остануваат актуелниот шеф, Мустафа Хајрулахи, и вишиот обвинител Бурим Рустем.