ЕП за ракометарки: Деветта титула за Норвешка

Ракометарките на Норвешка направија голем пресврт и во финалето од Европската првенство од кое дел се играше и во Македонија, во неделата во Љубљана ја совладаа Данска со 27:25: (12:15).

Норвешка со тоа ја освои деветтата титула шампионки на Европа во историјата, а покрај тоа имаат и три сребрени медали. До оваа победа дојдоа до златото, иако првпат во натпреварот поведоа на шест минути пред крајот.

Данките го играа своето прво финале на европско првенство по 18 години. Останаа на три титули, а ова им е и третото сребро во историјата.

Од самиот почеток Данките играа многу енергично и решително, и остварија почетна предност. На половината од првото полувреме, во 15 минута, водеа со 8:4. Норвежаниките во некои моменти намалуваа на два гола разлика, но Данките постојано ја враќаа поголемата предност и на полувремето отидоа со предност од 15:12.

Во продолжението цврстите Данки ги одбиваа сите налети на Норвежанките кои постојано беа во заостанување од два или три гола. Но финалето сепак не остана без драматична завршница, откако Норвешка израмни на 22:22 на десет минути пред крајот, а потоа и поведе со 24:23, првпат на натпреварот во 54 минута.

При резултат 24:24 два гола во низа постигна Норвежанката Хени Ела Рејстад со што на својата селекција ширум ѝ ја отвори вратата кон голем пресврт и нова европска титула. Со тоа Данките беа скршени и повеќе немаа сили за враќање во мечот.

Одличен меч за Норвешка одигра Нора Морк која постигна 8 голови, додека четири впиша Бреистол. Кај Данска најдобри беа Винтер Буиргаард со 6 и Ема Фриис со 5 голови.

Претходно третото место на првенството го освоија Црногорките кои ја совладаа Франција со 27:25 (22:22, 13:12) по продолжението. Црногорките го освоија вториот европски медал во историјата откако во 2012 година беа европски шампионки. Франција, пак, на последните две првенства освои злато во 2018-та и сребро во 2020-та, а остана на три освоени бронзени медала.

За Црна Гора по 6 голови постигнаа Радичевиќ и Јауковиќ, додека голманката Батиновиќ впиша 11 одбрани. Селекцијата на Франција ја предводеа Нзе Минко и Грание со по 4 голови.