Ја повикуваме градоначалничката Данела Арсовска да не го политизира штрајкот и решавањето на проблемите со приватните превозници. Тоа нема никаква врска со политиката, туку со отсуството на способност да се носат вистински одлуки во градот Скопје од страна на градоначалничката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Да се тргнат политичките флоскули на страна и Арсовска да започне да ги решава проблемите на скопјани и да не ја користи ВМРО-ДПМНЕ како изговор на сопствената неспособност.
Препорачуваме своето време да не го употребува во измислување на алиби туку да ги засука ракавите и почне да работи. Скопјани очекуваат реализација на проектот за модерно Скопје, стои во партиската реакција.